Соопштение - хуманитарен базар
С О О П Ш Т Е Н И Е
Им соопштуваме на учениците и наставниците дека на ден 25.09.2019 год. (среда), ќе се одржи хуманитарен базар.
За таа цел заинтересираните може да донесат било каква храна која ќе биде изложена на базарот. Истиот ќе се одржи во училишниот двор, во двете смени за време на големиот одмор.
Воедно ќе бидат поставени и кутии во кои ќе може да се донира. Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на седумгодишниот Скендер Борова.
Да покажеме колку сме хумани !
СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга
Ученички парламент
Одбележување на Меѓународниот ден на мирот
По повод 21 септември - Меѓународниот ден на мирот, учениците и наставниците од СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга, на ден 20.9.2019год. во 11 часот и 30 минути излегоа на Мировен марш низ градот. Учениците и наставниците од училишниот двор се упатија кон кејот на реката Црн Дрим, движејќи се до Мостот на поезијата и потоа низ струшката чаршија, каде што на симболичен начин истакнаа пораки за мирот.

Благодарници за долгогодишниот придонес во воспитно – образовниот процес!
Учителството е професија која ги создава сите професии!
Во Гимназијата „Д-р Ибрахим Темо“ - Струга на пензионираните наставници им се доделја благодарници и скромни подароци за долгодишниот придонес во воспитно – образовниот процес, од страна на директорката Бесиме Јонузи. На наставниците: Југослава Велјаноска – проф. по спорт и спортски активности, Меди Бектеши – проф. по историја, Умит Зендели – проф.по физика и Нијаз Лумани – проф. по француски јазик, колективот им посака долг живот и среќни пензионерски денови.
Пензионираните наставници истакнаа дека во текот на работата секогаш имале влијание во развојот на нашите ученици и тоа се труделе да го направат на најдобар можен начин, поаѓајќи од изреката „Една книга, еден молив, едно дете и еден учител можат да го изменат светот “ – Malala Yousafzai . Пензионираните наставници на колегите им посакаа успех во работата како и тие да ги дочекаат деновите да се пензионираат.
По свеченото доделување на благодарниците и скромните подароци во чест на пензионираните наставници, во Наставничката канцеларија имаше коктел.

Свечено доделување дипломи на наградени ученици
На ден 4.7.2019 год. во присуство на менторите и наградените ученици, заменик директорот на училиштето Попоски Јовица им ги додели дипломите и ваучерите на учениците кои освоија награда или учествуваа на државни натпревари.


Ученици од СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга, на интеркултурна размена во Швајцарија
Ученици од СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга, на интеркултурна размена во Швајцарија Детското село „Песталоци“ во Троген, е место каде се сретнуваат различни култури. Мирољубивиот соживот меѓу сите луѓе во Детското село е главно правило.
Амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар во посета на нашето училиште
Амбасадорот на Европска Унија, Самуел Жбогар на ден 27.5.2019год. го посети нашето училиште како дел од патувачкиот ЕУ-автобус.За време на посетата амбасадорот заедно со делегацијата реализираа поголем број активности со нашите ученици. По состанокот со директорката на училиштето Бесиме Јонузи, на кој присуствуваа градоначалникот на општина Струга г-дин Рамиз Мерко и професори од нашето училиште, амасадорот дебатираше со нашите средношколци за „Визијата на младите за Европската Унија“ . Потоа следеше велосипско родео за најмладите како и други активности. Амбасадорот Жбогар го објави почетокот на новата кампања под брендот ‘ЕУ за ТЕБЕ’. Кампањата се навраќа на основите со цел ја подигне свеста за заштитата на животната средина. Секој треба да води грижа за животната средина онака како што се грижи за домот - „За чисто како дома исто’. 
Едукативна работилница - Ментално здравје
Здружението на студенти по психологија „Психеско“, спроведе едукативна работилница во која се презентираа содржини од областа на психичките нарушувања и стигмата која ги опкружува. Целта е подигнување на свеста за проблемите во менталното здравје, поттикнување на дискусија за стигмата која ги опкружува лицата кои ја имаат,како и развивање на емпатија кон нив.
Државен натпревар кошарка – женски
Кошаркарките од СОУ Гимназијата „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга, го освоија првото место во кошаркарските натпревари со средни училишта на ниво на цела држава.
Basketbollistet e SHMK Gjimnazi „Dr.Ibrahim Temo“ – Strugë, fituan vendin e parë në garat basketbollistike për shkollat e mesme në nivel të shtetit.
- Попоска Бојана II1
- Чочороска Ружица II1
- Јованоска Евдоксија II2
- Кукоска Екатерина II2
- Шеќероска Анамарија IV1
- Белеска Наталија IV2
- Столеска Марија IV3
- Митревска Марија Лујза IV3
- Mevlana Hani II7
- Марија Велјаноска IV1
Одговорен професор
проф. Велјаноска Југа
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ СОУ ГИМНАЗИЈА ,,Д-Р ИБРАХИМ ТЕМО’’-СТРУГА И YILDIZ TINAS İZMİROĞLU ANADOLU LİSESİ- ÇİĞLİ / İZMİR

Во периодот од 29.04-02.05.2019 година ученици и професори од нашето училиште заедно со директорката Бесиме Јонузи беа на едукативно - рекреативна посета во İZMİR, Република Турција. Целта на посетата беше меѓусебно запознавање со културното наследство меѓу двете држави, соработка и размена на искуства меѓу наставниците од воспитно-образовен аспект и меѓусебна интеракција меѓу учениците при посета на часови, заедничко дружење и живеење.

Страница 4 од 6
