Известувања
На 19.5.2023 година учениците од СОУ Гимназија Др. Ибрахим Темо Струга ќе учествуваат на матурската парада која се организира во сите земји од Југоисточна Европ. Во 10:00 часот започнува маршот од училиштето до Општина Струга, каде што ќе се одржи самата парадата. Ве покануваме да присуствувате на настанот.
Училишната комиција при СОУ Гимназија ,, Д-р Ибрахим Темо” Струга, а согласно Конкурсот за запишување на ученици во Јавните средни училишта за учебната 2022/2023 год.
ОГЛАС
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНА 2022/2023 ГОД.
Јунски уписен рок
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените коериснички сметки на Schools.mk
Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на:
14 јуни 2022год. до 24:00 часот;
15 јуни до 15 :00 часот
Прелиминарната ранг листана запишани ученици се објавува на 16 јуни на на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 9,оо часот,
Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 16 јуни од 12,00 до 19,00 часот и на 17 јуни од 7,00 часот до 19,00 часот согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2022 година најдицна до 12,00 часот на огласна табла на училиштето и на www.mon.gov.mk
Второто пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на:
21 јуни до 24 часот 24 и на 22 јуни 2022 година до 15,00 часот 25 јуни 2021год. во период од 7:00 часот до 15:00 часот
Прелиминарната ранг листана запишани ученици се објавува на 23 јуни 2022 год.на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 9,00 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 23 јуни 2022 година од 12,00 часот до 19,00 часот и на 24 јуни од 7,00 часот до 19,00 часот согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2022 година најдоцна до 12,00 часот на огласна табла на училиштето и на www.mon.gov.mk
Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на
28 јуни 2022 год. во период до 24,00 часот,
Прелиминарната ранг листана запишани ученици се објавува на 29 јуни на на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 9,00 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 29 јуни од 10,00 часот до 19,00 часот согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2022 година најдицна до 12,00 часот на огласна табла на училиштето и на www.mon.gov.mk
Учениците кои се упатени на поправни испити,испит на година,испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 22 август 2022 до 24 часот. година за што доставуваат доказна документација.
Прелиминарната ранг листана запишани ученици се објавува на 23 август 2022 на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 9,00 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 23 август 2022 год. јуни од 10,00 часот до 19,00 часот согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 август 2022 година најдоцна до 12,00 часот на огласна табла на училиштето и на www.mon.gov.mk
По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето ,учениците кои не се запишани во училиштето задлолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа,а училиштето има обвррска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.
ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ
Во прва година гимназиско образование учениците имаат можност да се запишат според наставни планови и програми за
- природно - математичко подрачје комбијација А
-природно - математичко подрачје комбијација Б
- општествено - хуманистичко подрачје комбинација А
-општествено - хуманистичко подрачје комбинација Б
- јазично - уметничко подрачје комбинација А
ќе се запишат вкупно 306 ученици во 9 паралелки со минимум 60 поени и тоа:
-македонски наставен јазик......... 102 уч.3 пар.
-албански наставен јазик............. 170 уч. 5 пар.
-турски наставен јазик ................. 34 уч.1 пар.
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
Запишувањето на учениците во училиштето во учебната 2022/2023 година се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средно образование и со овој Конкурс - оглас
Бесплатниот превоз и сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година, нема да биде обезбеден ако избраниот вид образование - гимназиско образование го има во општината, односно регионот.
Настават се изведува на македонски јазик и кирилско писмо, албански јазик и писмо и турски јазик и писмо.
Условите за запишување на учениците во прва година се:
- да имаат завршено основно образование;
- да не се постари од 17 години;
- да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:
а) гимназиско образование;
б) стручно образование и обука;
в) средно уметничко образование;
г) средно образование за ученици со посебни образовни потреби;
- да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Оглас.
Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно конкурсот.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
По објавувањето на прелиминарната листа, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:
- пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);
- оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
- дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното
подрачје;
- извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
СОУ Гимназија ,,Д-р Ибрахим Темо“ Струга
Училишна комисија
Претседател
Бесиме Јонузи
04.04.2022 год.
В а ж н о!
Предмет: Насоки за работа за време на прекин на настава
Поради новонастанатата ситуација и прекинот на наставата се известуваат и воедно задолжуваат наставниците да ги преземат следниве активности, а заради потреба од реализација на настава:
I.
1. Класните раководители да формираат група со учениците од својот клас и предметните наставници кои предаваат во таа паралелка на било која електронска апликација (viber, whatsApp, facebook ….).
2. Секој предметен наставник во паралелките каде што предава да формира група на ученици за одржување online настава, на начин кој ќе го изберат и сметаат дека е најсоодветен.
За полесно реализирање на online наставата ги известуваме наставниците дека можат да спуштат бесплатна интернет програма - ZOOM, EDMODO ...
Доколку се наидува на потешкотии и потреба од помош наставниците заради реализација на наведеното да комуницираат меѓу себе во постојните групи на колективот.
II.
За преземените активности наставниците да достават повратна информација во училиштето (
III.
Ваквиот начин на работа ќе биде до добивањето на информации од надлежните органи.
СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга
Директор
Бесиме Јонузи
С О О П Ш Т Е Н И Е
Им соопштуваме на учениците и наставниците дека на ден 25.09.2019 год. (среда), ќе се одржи хуманитарен базар.
За таа цел заинтересираните може да донесат било каква храна која ќе биде изложена на базарот. Истиот ќе се одржи во училишниот двор, во двете смени за време на големиот одмор.
Воедно ќе бидат поставени и кутии во кои ќе може да се донира. Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на седумгодишниот Скендер Борова.
Да покажеме колку сме хумани !
СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга
Ученички парламент
Учителството е професија која ги создава сите професии!
Во Гимназијата „Д-р Ибрахим Темо“ - Струга на пензионираните наставници им се доделја благодарници и скромни подароци за долгодишниот придонес во воспитно – образовниот процес, од страна на директорката Бесиме Јонузи. На наставниците: Југослава Велјаноска – проф. по спорт и спортски активности, Меди Бектеши – проф. по историја, Умит Зендели – проф.по физика и Нијаз Лумани – проф. по француски јазик, колективот им посака долг живот и среќни пензионерски денови.
Пензионираните наставници истакнаа дека во текот на работата секогаш имале влијание во развојот на нашите ученици и тоа се труделе да го направат на најдобар можен начин, поаѓајќи од изреката „Една книга, еден молив, едно дете и еден учител можат да го изменат светот “ – Malala Yousafzai . Пензионираните наставници на колегите им посакаа успех во работата како и тие да ги дочекаат деновите да се пензионираат.
По свеченото доделување на благодарниците и скромните подароци во чест на пензионираните наставници, во Наставничката канцеларија имаше коктел.
- Државна матура за гимназиско образование
- Екстерните испити од државната матура во гимназиското образование во јунскиот испитен рок се спроведуваат во следниве термини: