Изберете го вашиот јазик

Денот на пролетта во СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ се одбележа со еколошки акции. Учениците, наставниците и членовите на Училиштниот парламент, зедоа активно учество и дадоа свој придонес во активностите за разубавување на училиштето, училиштниот двор и струшкото крајбрежје.

 

Членовите на Училиштниот парламент учествуваа во еколошките акции долж струшкото крајбрежје, почнувајќи од Мостот на поезијата па сè до фудбалскиот стадион Караорман. Дел од учениците зедоа активно учество во средување и чистење на училиштните простории, холовите на училиштето и училиштниот двор.

Иницијативата од страна на Училиштниот парламент за вакви активности ќе продолжи и во иднина.

Уште еднаш сите заедно, без разлика на националната припадност, покажавме дека можеме да имаме поодговорен однос во зачувувањето на нашата околина и ја поддржуваме паролата „Чиста Струга – здрави деца“!