Во рамките на проектната активност Урбана култура под менторство на професорката Гордана Чакареска се реализира акцијата ,,Рециклирам – значи се грижам!“ со паралелката IV-2 и класниот раководител Светлана Симакоска.
Цел на проектот:
Да се развие свест кај учениците за значењето на рециклирањето, селектирањето на отпадот и заштитата на животната средина преку активно учество во собирање и предавање на пластични шишиња за рециклирање.
рециклирам#животна средина



Заеднички час по географија со учениците од II1 и II4 со професорките Гордана Чакареска и Дијана Шеху.
Тема: Населби
Наставна единица: Градски населби

Денес во гимназијата „Д-р Ибрахим Темо“ се врши целосна дезинфекција!
По темелно чистење на секој дел од ентериерот на училиштето, денес се спроведува дезинфекција со средства за дезинфекција донирани од општина Струга.
Колективот на Средното општинско училиште Гимназија „Др. Ибрахим Темо“ - Струга, заедно со техничкиот персонал, одговорен за одржување на училишните простории, оваа година ја испратија со свечена и пријателска вечера. Раководството на училиштето, под раководство на директорот на училиштата г-ѓа Бесиме Јонузи ја ценеа и ја поздравија работата на колегите, а особено на оние колеги кои имаа јубилејна година на работа во училиштето. Од тоа произлезе идејата ваквата активност да стане традиција. Во празничната атмосфера им беше укажана благодарност на наставниците - јубилејци, посакувајќи им ним и на сите вработени во училиштето добро здравје, среќа и понатамошен успех во нивната благородна работа.

На ден 20.11.2019год. нашите ученици од втора година, со професорот Горан Ристовски, ја посетија изложбата „Скршениот град“ во домот на културата Струга.
Изложбата „Скршениот град“ - изложба на фотографии во форма на разгледници изработени пред, за време и после скопскиот земјотрес, 1963год.

По иницијатива на Советот на Европа, Европскиот ден на јазиците се слави секоја година од 2001 година на 26ти Септември.
Јазичната разноликост е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и клучен елемент во богатото културно наследство на нашиот континент.
И во нашето училиште веќе неколку години се одбележува овој ден со цел да се промовира плурилингуализам, учениците преку цртежи и цитати повеќе да се приближат кон спознавање на други култури и јазици. И оваа година беа ангажирани за изработување хамери, фрази кои ги преведуваа на повеќе јазици и музички изведби. Преку програмата учениците сакаа да ја пренесат пораката за важноста од учење јазици, интеркултурното разбирање, како и да се промовира богатата лингвистичка и кутурна диверзификација во Европа.
Во знак на поддршка и охрабрување на учењето јазици, учениците работеа под менторство на проф. Даниела Јовческа (италијански јазик) и проф. Николина Јанкоска (англиски јазик).
На ден 4.7.2019 год. во присуство на менторите и наградените ученици, заменик директорот на училиштето Попоски Јовица им ги додели дипломите и ваучерите на учениците кои освоија награда или учествуваа на државни натпревари.


Ученици од СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга, на интеркултурна размена во Швајцарија Детското село „Песталоци“ во Троген, е место каде се сретнуваат различни култури. Мирољубивиот соживот меѓу сите луѓе во Детското село е главно правило.
Амбасадорот на Европска Унија, Самуел Жбогар на ден 27.5.2019год. го посети нашето училиште како дел од патувачкиот ЕУ-автобус.За време на посетата амбасадорот заедно со делегацијата реализираа поголем број активности со нашите ученици. По состанокот со директорката на училиштето Бесиме Јонузи, на кој присуствуваа градоначалникот на општина Струга г-дин Рамиз Мерко и професори од нашето училиште, амасадорот дебатираше со нашите средношколци за „Визијата на младите за Европската Унија“ . Потоа следеше велосипско родео за најмладите како и други активности. Амбасадорот Жбогар го објави почетокот на новата кампања под брендот ‘ЕУ за ТЕБЕ’. Кампањата се навраќа на основите со цел ја подигне свеста за заштитата на животната средина. Секој треба да води грижа за животната средина онака како што се грижи за домот - „За чисто како дома исто’. 
