Мултиетничка интеграција на младите во образованието
Извештај
На Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга,
за проектот Мултиетничка интеграција на младите во образованието во соработка со гимназијата Јосип Броз Тито –Битола
Овој проект и соработка започна во 2018 година, со запознавање и претставување на членовите од МИМО тимот на двете партнерски училишта. 25 ученици од нашата гимназија беа вклучени, под менторство на наставниците Даниела Јовческа (координатор на мимо проектот), Светлана Симакоска, Арта Пошка Ќоку и Едлира Винца. Подоцна во проектот се вклучија и настав. Милена Тримоска, Нестор Јаулески, Јовица Попоски и сето поддржано и со активно учество на директорката Бесиме Јонузи. Поради реализација на активностите беше потпишан меморандум за соработка меѓу двете училишта,а во истиот е дефинирана улогата на секој што ќе ја има во сите наведени заеднички активности.
1.Потоа следи запознавање на присутните од партнер училиштето со работата, формалната организација и прва фаза кога нашето училиште беше гостин на битолската гимназија каде беа остварени неколку активности:
Активност 1: ,,Воспоставување на ново МИМО партнерство“
Активност 2: Работилница: ,,1=1 Сите сме различни, но еднакви“
Активност 3: Работилница: ,,НЕ за стереотипите, предрасудите и етничката дискриминација“
Активност 4: Посета на музејот на Албанската азбука –Битола
Активност 5: Посета на Завод и музеј –Битола
Активност 6: Спортски натпревар – кошарка
2. Следната средба беше остварена во Струга, каде нашето училиште беше домаќин на битолската гимназија. Следеа неколку активности
1. Работилница –Детски права - кратка презентација за детските права и одговорности по која следат активности на учениците
2. Посета на Музејот Д-р Никола Незлобински – Струга
3. Посета на Спомен домот на браќата Миладиновци
4. Посета на црквата Св. Ѓорѓија / џамијата Мустафа Челеби - Струга
При двете средби учениците од три различни етникуми (македонски, албански, турски) соработуваа одлично меѓусебе, се дружеа и учеа нови работи за другите култури и обичаи. На секоја од средбите беа обезбедени освежувања во училиштата за учениците и наставниците како и ручек при прошетките и посетите на културните споменици и музеи.
3. Третата средба се оствари повторно во Битола, каде учениците преку игра се запознаваа меѓусебно и дебатираа на темата за тоа како може да спречиме дискриминација, што е тоа дете правобранител, дали имаме влијание од предрасудите во општеството и.т.н.
Дете правобранител како орган веќе неколку години успешно функционира во двете училишта и се залагаат за пронаоѓање начини и методи како би можеле да го подобрат статусот на соучениците во своите училишта.
- МИМО Проектот и соработката меѓу двете училишта продолжува и понатаму, со следна средба предвидена во Крушево, каде ќе се реализираат активности и дружба меѓу учениците.
Меѓународен натпреват - латински јазик
Освоени награди
Меѓународен натпревар по латински јазик Elex vestiblum
- Плаќаноска Емануела III2 – бронзен медал
- Смаќоска Георгина III2 – бронзен медал
- Попоска Бојана III3 – сребрен медал
- Мечкароска Маринела III3 - бронзен медал
- Дукоска Јана III3 – сребрен медал
- Матлијоска Маја III3 – бронзен медал
- Герасимоска Маја III3 - /
- Ружица Мукоска III1 – бронзен медал
- Захарија Гогоска III1 – бронзен медал
- Ана Нестороска III3 – бронзен медал
- Спасе Мариноски III3 - /
- Петар Милески III3 – бронзен медал
- Анастасија Верушеска III2 - /
Ментор
Чакареска М. Ирена
Директор
Бесиме Јонузи
Доделување благодарници на крајот на 2019 година
Колективот на Средното општинско училиште Гимназија „Др. Ибрахим Темо“ - Струга, заедно со техничкиот персонал, одговорен за одржување на училишните простории, оваа година ја испратија со свечена и пријателска вечера. Раководството на училиштето, под раководство на директорот на училиштата г-ѓа Бесиме Јонузи ја ценеа и ја поздравија работата на колегите, а особено на оние колеги кои имаа јубилејна година на работа во училиштето. Од тоа произлезе идејата ваквата активност да стане традиција. Во празничната атмосфера им беше укажана благодарност на наставниците - јубилејци, посакувајќи им ним и на сите вработени во училиштето добро здравје, среќа и понатамошен успех во нивната благородна работа.

Проект на СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ - Струга и збратимената гимназија „Yildiz tinaz Izmiroglu Anadolu Lisesi“ од Измир - Република Турција
По повод посетата на претставници (8 професори и 35 ученици) од збратимената гимназија „Yildiz tinaz Izmiroglu Anadolu Lisesi“ од Измир - Република Турција, нашата гимназија организира богата културно-уметничка програма која се реализира на ден 18.11.2019година.
Во целокупната организацијапри при дочекот и претстојот на гостите, активна поддршка дадоа нашите професори и ученици, како и родителите со својот срдечен пречек и безрезевно гостопримство.
Посебна благодарност му изразуваме на градоначалникот на Општина Струга, г-динот Рамиз Мерко за континуираната, несебична соработка и помош во целокупната реализација на овој проект.
Директор
Бесиме Јонузи

Посета на изложбата „Скршениот град“
На ден 20.11.2019год. нашите ученици од втора година, со професорот Горан Ристовски, ја посетија изложбата „Скршениот град“ во домот на културата Струга.
Изложбата „Скршениот град“ - изложба на фотографии во форма на разгледници изработени пред, за време и после скопскиот земјотрес, 1963год.

Натпревар - италијански јазик


| Меѓуучилишен натпревар по италијански јазик за средно образование - во нивото А1.1 | ||||
| Име и презиме на ученик | паралелка | Име и презиме на ментор | Освоено место | |
| 1 | Јана Ѓикоска | II2 | Даниела Јовческа | 4 - то |
| 2 | Бојан Тодороски | II2 | 5 - то | |
Европски ден на јазиците
По иницијатива на Советот на Европа, Европскиот ден на јазиците се слави секоја година од 2001 година на 26ти Септември.
Јазичната разноликост е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и клучен елемент во богатото културно наследство на нашиот континент.
И во нашето училиште веќе неколку години се одбележува овој ден со цел да се промовира плурилингуализам, учениците преку цртежи и цитати повеќе да се приближат кон спознавање на други култури и јазици. И оваа година беа ангажирани за изработување хамери, фрази кои ги преведуваа на повеќе јазици и музички изведби. Преку програмата учениците сакаа да ја пренесат пораката за важноста од учење јазици, интеркултурното разбирање, како и да се промовира богатата лингвистичка и кутурна диверзификација во Европа.
Во знак на поддршка и охрабрување на учењето јазици, учениците работеа под менторство на проф. Даниела Јовческа (италијански јазик) и проф. Николина Јанкоска (англиски јазик).
Страница 3 од 6






