MАТУРСКА ПАРАДА
На 19.5.2023 година учениците од СОУ Гимназија Др. Ибрахим Темо Струга ќе учествуваат на матурската парада која се организира во сите земји од Југоисточна Европ. Во 10:00 часот започнува маршот од училиштето до Општина Струга, каде што ќе се одржи самата парадата. Ве покануваме да присуствувате на настанот.
Натпревар - филозофија
Според покажаниот успех на општинскиот натпревар учениците : Ѓорѓи Шопоски IV 1; Андреј Ѓорѓиевски IV 1; Јована Василеска IV 1; Александра Цоклеска IV 2 и Андреа Кирлиновска IV 2 се пласираа за регионалниот натпревар по филозофија кој ќе се одржи на 18.02.2023.
ментор
проф. Дијана Милеска Чуркоска
Заеднички час - географија
Заеднички час по географија со учениците од II1 и II4 со професорките Гордана Чакареска и Дијана Шеху.
Тема: Населби
Наставна единица: Градски населби
Општински, регионален и државен натпревар - математика
Општински натпревар по МАТЕМАТИКА - учествуваа 12 ученици
Прва година – ментор проф. Крстаноска Ленче
- Трифуноски Дарко I - 1
- Димитриески Сергеј I - 1
- Мечкароска Мила I - 1
- Милеска Ивана I - 1
Втора година – ментор проф. Колоски Димитрија
- Богоески Димитар II – 1
- Будоски Бојан II - 1
- Ѓоровиќ Јован II - 2
- Чавкоска Симона II - 2
Трета година – ментор проф. Колоски Димитрија
- Попоска Ванеса III - 1
- Ѓорѓиевски Андреј III - 1
- Дејкоски Павел III - 1
- Клечкароска Емилија III – 2
Според покажаниот успех, за натамошно натпреварување на регионален натпревар се пласираа 11 ученици, 3-од прва година, 4-од втора година и 4- од трета година.
Регионален натпревар:
Прва година – ментор проф. Крстаноска Ленче
- Трифуноски Дарко I - 1
- Димитриески Сергеј I - 1
- Милеска Ивана I - 1
Втора година – ментор проф. Колоски Димитрија
- Будоски Бојан II - 1
- Ѓоровиќ Јован II - 2
Трета година – ментор проф. Колоски Димитрија
- Попоска Ванеса III - 1
- Ѓорѓиевски Андреј III - 1
- Дејкоски Павел III - 1
- Клечкароска Емилија III – 2
Според покажаниот успех, за натамошно натпреварување на Државен ( Републички ) натпревар се пласираа 4 ученици, 3-од прва година и 1- од трета година и тоа:
Прва година – ментор проф. Крстаноска Ленче
- Милеска Ивана освоени 63 поени и III – НАГРАДА,
- Димитриески Сергеј освоени 55 поени и III – НАГРАДА,
- Трифуноски Дарко освоени 40 поени и ПОФАЛНИЦА,
Трета година – ментор проф. Колоски Димитрија
- Попоска Ванеса освоени 40 поени и ПОФАЛНИЦА
65 –ти Државен натпревар: учествуваа 4 ученици:
Прва година – ментор проф. Крстаноска Ленче
- Трифуноски Дарко I - 1
- Димитриески Сергеј I - 1
- Милеска Ивана I - 1
Трета година – ментор проф. Колоски Димитрија
- Попоска Ванеса III – 1
Според добиените резултати, учениците успешно се претставија. Нема освоени награди.
Професори ментори
Колоски Димитрија
Ленче Крстаноска
Меѓународен натпревар по латински јазик Elex vestiblum
Освоени награди на
меѓународниот натпревар по латински јазик Elex vestiblum
- Мисоска Катерина III2 – бронзен медал
- Колоски Стрезовски Горазд IV4 – бронзен медал
- Лазороска Даниела III3 – благодарница за учество
Ментор
Чакареска М. Ирена
ОГЛАС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНА 2022/2023 ГОД.
Училишната комиција при СОУ Гимназија ,, Д-р Ибрахим Темо” Струга, а согласно Конкурсот за запишување на ученици во Јавните средни училишта за учебната 2022/2023 год.
ОГЛАС
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНА 2022/2023 ГОД.
Јунски уписен рок
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените коериснички сметки на Schools.mk
Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на:
14 јуни 2022год. до 24:00 часот;
15 јуни до 15 :00 часот
Прелиминарната ранг листана запишани ученици се објавува на 16 јуни на на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 9,оо часот,
Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 16 јуни од 12,00 до 19,00 часот и на 17 јуни од 7,00 часот до 19,00 часот согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2022 година најдицна до 12,00 часот на огласна табла на училиштето и на www.mon.gov.mk
Второто пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на:
21 јуни до 24 часот 24 и на 22 јуни 2022 година до 15,00 часот 25 јуни 2021год. во период од 7:00 часот до 15:00 часот
Прелиминарната ранг листана запишани ученици се објавува на 23 јуни 2022 год.на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 9,00 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 23 јуни 2022 година од 12,00 часот до 19,00 часот и на 24 јуни од 7,00 часот до 19,00 часот согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2022 година најдоцна до 12,00 часот на огласна табла на училиштето и на www.mon.gov.mk
Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на
28 јуни 2022 год. во период до 24,00 часот,
Прелиминарната ранг листана запишани ученици се објавува на 29 јуни на на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 9,00 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 29 јуни од 10,00 часот до 19,00 часот согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2022 година најдицна до 12,00 часот на огласна табла на училиштето и на www.mon.gov.mk
Учениците кои се упатени на поправни испити,испит на година,испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 22 август 2022 до 24 часот. година за што доставуваат доказна документација.
Прелиминарната ранг листана запишани ученици се објавува на 23 август 2022 на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 9,00 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 23 август 2022 год. јуни од 10,00 часот до 19,00 часот согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 август 2022 година најдоцна до 12,00 часот на огласна табла на училиштето и на www.mon.gov.mk
По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето ,учениците кои не се запишани во училиштето задлолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа,а училиштето има обвррска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.
ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ
Во прва година гимназиско образование учениците имаат можност да се запишат според наставни планови и програми за
- природно - математичко подрачје комбијација А
-природно - математичко подрачје комбијација Б
- општествено - хуманистичко подрачје комбинација А
-општествено - хуманистичко подрачје комбинација Б
- јазично - уметничко подрачје комбинација А
ќе се запишат вкупно 306 ученици во 9 паралелки со минимум 60 поени и тоа:
-македонски наставен јазик......... 102 уч.3 пар.
-албански наставен јазик............. 170 уч. 5 пар.
-турски наставен јазик ................. 34 уч.1 пар.
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
Запишувањето на учениците во училиштето во учебната 2022/2023 година се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средно образование и со овој Конкурс - оглас
Бесплатниот превоз и сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година, нема да биде обезбеден ако избраниот вид образование - гимназиско образование го има во општината, односно регионот.
Настават се изведува на македонски јазик и кирилско писмо, албански јазик и писмо и турски јазик и писмо.
Условите за запишување на учениците во прва година се:
- да имаат завршено основно образование;
- да не се постари од 17 години;
- да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:
а) гимназиско образование;
б) стручно образование и обука;
в) средно уметничко образование;
г) средно образование за ученици со посебни образовни потреби;
- да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Оглас.
Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно конкурсот.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
По објавувањето на прелиминарната листа, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:
- пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);
- оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
- дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното
подрачје;
- извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
СОУ Гимназија ,,Д-р Ибрахим Темо“ Струга
Училишна комисија
Претседател
Бесиме Јонузи
04.04.2022 год.
Страница 1 од 5