Изберете го вашиот јазик

57852589 2450779034973990 9171807406823309312 nУченици од СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга, на интеркултурна размена во Швајцарија Детското село „Песталоци“ во Троген, е место каде се сретнуваат различни култури. Мирољубивиот соживот меѓу сите луѓе во Детското село е главно правило.

Интеркултурната размена се одвиваше во периодот од 24-ти април до 8-ми мај 2019 година. Целта на оваа интеркултурна размена е учесниците да се здобијат со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, антидискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите меѓу различните култури. На интеркултурната размена учествуваа 8 ученици: АЛЕКСАНДАР ЗАТУРОСКИ, ДОРАНТ ТАТЕШИ, ЗАНА РЕЧИ, ИВАНА КИТАНОСКА, МЕВЛАНА ХАНИ, НИКОЛА ПРЕНТОСКИ, РЕНИС ЗИБА, ТАМАРА ВЕЛЈАНОСКА од СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга предводени од професорката Афердита Сарачи. Детското Село е “неутрален” простор кој овозможува идеална платформа за среќавање, размена на искуства и рефлексии. . Во текот овие активности се земааат во предвид, се анализирааат и се прават првите чекори кон адаптирање на сопствените и туѓите ставови и однесувања. Проектите на интеркултурна размена во Детското Село во Троген се однесувва на групи од по 40 ученици. Тие живеат заедно во куќа, посетуваат курсеви за интеркултурно образование и детски права, и прават размена со друга група на ученици од друга земја. Со ваква шема, програмата ги опфаќа четирите столба на сеопфатно образование според дефиницијата на УНЕСКО и се однесува на трихотомијата јас, ти, ние. Учениците за време на престојот во периодот од 9.00 до 12.00 и од 14.00 до 17.00 часот посетуваа работилници каде активно учествуваа заедно со ученици од Полска и Украина и се стекнаа со знаења на теми: ИНТЕРКУЛТУРНА КОМУНИКАЦИЈА ДЕТСКИ ПРАВА АНТИДИСКРИМИНАЦИЈА СО ЦЕЛ: Учење за да знаеш, Учење за да бидеш, Учење за да правиш, Учење за да живееш заедно Учениците можеа своето слободно време да го исполнат другарувајќи во младинскиот клуб и спортската сала. Учениците беа сместени во куќи заедно со учениците од другите училишта од Македонија под надзор на супервизорите назначени од училиштата. Учениците беа задолжени за домашните работи, како доставување и поставување на храната во куќите, одржување на хигиента во куќата и грижа за околината. За време на викендите учениците заедно со супервизорите ги посетија Цирих, Сент Гален, водопадите на реката Рајна, Швајцарскиот научен центар „Технорама“ и Констанц (Германија). По враќањето од Интеркултурната размена учениците треба да го реализираат акциониот план кој го изработија за време на размената и да одржат 8 работилници каде учениците од нашето училиште ќе им го презентираат стекнатото знаење. Учениците и супервизорот, воодушевени и со многубројни впечатоци, со највисоки оцени ја валоризираа оваа Интеркултурна размена и се надеваат на понатамошна соработка со Коалиција СЕГА и Детското село „Песталоци“ од Швајцарија.