Select your language

Училиштето се наоѓа во северниот периферен дел од градот на самиот влез на Струга, лесно пристапно за учениците, родителите и други заинтересирани посетители.

Од историската разгледница на средното образование во општина Струга, може да се воочи дека за гимназиско образование се јавила потреба уште во далечните шеесетти години, поточно кога Народниот одбор на Струга со одлука бр.01-6954/1 од 09.08.1960 год. овозможил да се отвори и работи на македонски и албански јазик Гимназијата „Браќа Миладиновци“. Нејзината дејност е верифицирана со решение од Советот за просвета на НРМ, Скопје под бр. 06-1183/1 од 03.06.1961 год. До 1979 год.работи самостојно а после интегрирана во ЦСО „Нико Нестор“-Струга. Издвојувањто на денешната СОУ Гимназија „Д-р. Ибрахим Темо“ - Струга е со одлука на Министерството за образование и наука од 12.09.2006 год. За време на пет децениското гимназиско образование нашата општина и држава добија врвни кадри со високо образование учествувајќи со знаењето и работата во менувањето на ликот на оштината и државата но и надвор од нив. Со оглед на националната стратегија за доживотно учење, каде целта е сите средношколци да се запишуваат на некоја високообразовна институција, нашите ученици имаат можност за вертикална проодност на сите државни и приватни универзитети и колеџи.

Име на училиштето

Средно општинско училиште Гимназија

„Д-р.Ибрахим Tемо“ – Струга

адреса, општина, место

ул. „Пролетерски Бригади“,49,Струга

Телефон

046786140

Фах

046786140

е-маил

 

 

основано од општина Струга

Верификација- број на актот

11-5054/1

Година на верификација

2006 Министерство за образование и наука

Јазик на кој се изведува наставата

македонски, албански, турски

Училиштето работи во смена

Две

Начин на загревање на училиштето

Парно – нафта

Број на паралелки

44

Број на смени

Две

Директор: Бесиме Јонузи