Изберете го вашиот јазик

Извештај

На Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга,

за проектот Мултиетничка интеграција на младите во образованието во соработка со гимназијата Јосип Броз Тито –Битола

     Овој проект и соработка започна во 2018 година, со запознавање и претставување на членовите од МИМО тимот на двете партнерски училишта. 25 ученици од нашата гимназија беа вклучени, под менторство на наставниците Даниела Јовческа (координатор на мимо проектот), Светлана Симакоска, Арта Пошка Ќоку и Едлира Винца. Подоцна во проектот се вклучија и настав. Милена Тримоска, Нестор Јаулески, Јовица Попоски и сето поддржано и со активно учество на директорката Бесиме Јонузи. Поради реализација на активностите беше потпишан меморандум за соработка меѓу двете училишта,а во истиот е дефинирана улогата на секој што ќе ја има во сите наведени заеднички активности.

1.Потоа следи запознавање на присутните од партнер училиштето со работата, формалната организација и прва фаза кога нашето училиште беше гостин на битолската гимназија каде беа остварени неколку активности:

Активност 1: ,,Воспоставување на ново МИМО партнерство“

Активност 2: Работилница: ,,1=1 Сите сме различни, но еднакви“

Активност 3: Работилница: ,,НЕ за стереотипите, предрасудите и етничката дискриминација“

Активност 4: Посета на музејот на Албанската азбука –Битола

Активност 5: Посета на Завод и музеј –Битола

Активност 6: Спортски натпревар – кошарка

2. Следната средба беше остварена во Струга, каде нашето училиште беше домаќин на битолската гимназија. Следеа неколку активности

1. Работилница –Детски права - кратка презентација за детските права и одговорности по која следат активности на учениците

2. Посета на Музејот Д-р Никола Незлобински – Струга

3. Посета на Спомен домот на браќата Миладиновци

4. Посета на црквата Св. Ѓорѓија / џамијата Мустафа Челеби - Струга

     При двете средби учениците од три различни етникуми (македонски, албански, турски) соработуваа одлично меѓусебе, се дружеа и учеа нови работи за другите култури и обичаи. На секоја од средбите беа обезбедени освежувања во училиштата за учениците и наставниците како и ручек при прошетките и посетите на културните споменици и музеи.

3. Третата средба се оствари повторно во Битола, каде учениците преку игра се запознаваа меѓусебно и дебатираа на темата за тоа како може да спречиме дискриминација, што е тоа дете правобранител, дали имаме влијание од предрасудите во општеството и.т.н.

     Дете правобранител како орган веќе неколку години успешно функционира во двете училишта и се залагаат за пронаоѓање начини и методи како би можеле да го подобрат статусот на соучениците во своите училишта.

  • МИМО Проектот и соработката меѓу двете училишта продолжува и понатаму, со следна средба предвидена во Крушево, каде ќе се реализираат активности и дружба меѓу учениците.