Изберете го вашиот јазик

Училишната комисија при СОУ Гимназија ,, Д-р Ибрахим Темо” Струга, а согласно Конкурсот за запишување на ученици во Јавните средни училишта за учебната 2025/2026год.

ОГЛАС

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНА 2025/2026 ГОД.

 Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши јунски уписен рок со две пријавувања.Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот заелектронски услуги на Министерството за образование и наука

https://e-uslugi.mon.gov.mk соспецијална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

Првото електронско пријавување на учениците ќе се вршиод 00:00 часот14 јуни до 23:59 часот на17 јуни 2025година.

 Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 18  јуни од 08.00часот до 19.00 часот и на 19 јуни 2025 година од 08.00 до 17.00 часот.

Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секоеучилиште ја објавува на 20 јуни 2025 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштетои/или на училишната интернет страница.    

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 23 јуни2025 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 23 јуни 2025 година, на јавноместо во училиштето и/или на училишната интернет страница.

Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на  30 јуни 2025година од 00:00 до 23:59 часот.

Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 01 јули 2025 година од 10.00 до19.00 часот..

Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште јаобјавува на 02 јули 2025 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или научилишната интернет страница.

- Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 4 јули 2025година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 4 јули 2025 година, на јавно местовоучилиштето.

 

АВГУСТОВСКИ УПИСЕН РОК:

-Учениците кои се упатени на поправни испити, испит н агодина, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места и ги исполнуваат условите пропишани во Конкурсот, после јунскиот уписен рок со две пријавувања.

- Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август 2025 годинаод 00.00 часотдо 15.00 часот електронски.

- Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 21 август 2025 година од 08.00 часот до 17.00 часот.

- Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, секое училиште јa објавува на 22 август 2025 година, најдоцнадо 10.00 часот.

По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во роко д 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од  24 часа.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИ

Критериуми за избор на ученици се:           

- средниот успех на ученикот од VI до IX одделение  одделение;

- средниот успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и двата предмети што се од значење за струката

-дипломи од освоени (I,II,III) места од меѓународни како и државни   натпревари(организирани од акредитирани здруженија од МОН) по мајчин јазик, странски јазик,природни науки ,математика,хемија,физика,биологија и географија и  наставни предмети што се од значење за струката односно изборното  подрачје);

-средна вредност од поени добиени за поведение.

Доколку се пријават поголем број на ученици од планираниот број, со еднаков број на поени во училиштето ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.           

За средниот успех од VI до IX одделение одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот  успех од  шесто , седмо , осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).           

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети ( мајчин јазик и странски јазик и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет)За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени

За освоено место од државни акредитирани наатпревари  за I место 3 поени,за II место 2 поени и за III место 1 поен.

За средна вредност од поените за поведение  од VI до IX одделение одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени,добро поведение се вреднува со 3 поени  и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средна вредност е збир од поените  за поведението  од шесто,седмо и осмо одделение подделен со 4)         

   Утврдениот број минимум поени за гимназиско образование е   60 поени  и   се составен дел на овој Оглас.          

  За учениците кои што деветто одделение го завршиле во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (  VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство за тие години се зема  успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

 

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

  Запишувањето на учениците во Училиштето во учебната 2025/2026 година  ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование и со овој Конкурс-оглас.
            Беспалтен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година, нема да биде обезбеден  ако избраниот вид образование-гимназиско образование  го има во општината ,односно регионот.

  Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо, албански јазик и писмо и турски јазик и писмо.


            Условите за запишување на ученици се:

            -да имаат завршено основно образование;
            -да не се постари од 17 години;
            -да се определиле за план и програма од гимназиско  образование
            -да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Оглас.

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно конкурсот.



ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ


По објавувањето на ранг листатата, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:

            - пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница)

            -оригинални сведителства од VI до IX одделение;

          -дипломи,(доколку ги имаат) од освоени (I,II и III) места од меѓународни и државни натпревари од (мајчин јазик, странски јазик, природни науки -математика, хемија, физика, биологија и географија  и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје.

         -извод од матична книга на родените (без оглед на датумот на издавањето)

           

                                                               СОУ Гимназија ,, Д-р Ибрахим Темо,, Струга

                                                                                              Директор

                                                                                         Бесиме Јонузи