Изберете го вашиот јазик

 

Во периодот од 29.04-02.05.2019 година ученици и професори од нашето училиште заедно со директорката Бесиме Јонузи беа на едукативно - рекреативна посета во İZMİR, Република Турција. Целта на посетата беше меѓусебно запознавање со културното наследство меѓу двете држави, соработка и размена на искуства меѓу наставниците од воспитно-образовен аспект и меѓусебна интеракција меѓу учениците при посета на часови, заедничко дружење и живеење.

 

   За време на посетата беа одржани средби со директорот за образование, кајмакамот, градоначалникот на ÇİĞLİ и почесниот конзул на Босна и Херцеговина во Измир. Воедно беа разгледани некои од културно-историските знаменитости и туристички места како што се: Alsancak, Konak- Kemeraltı çarşısı, Karşıyaka, Bostanlı, спомен куќата на Latife Hanım (сопруга на Мустафа Кемал Ататурк), Паркот на природни живеалишта, туристичките места Eski Foça, Ayvalık и Çanakkale како и античкиот град Троја.

            Нашите ученици се претставија со богата мултикултурна програма и на тој начин го промовираа нашето училиште, општината и државата.

Со пригодна свеченост од страна на директорите беше потпишан меморандумот за збратимување и соработка меѓу двете училишта.