Училишната комисија при СОУ Гимназија ,, Д-р Ибрахим Темо” Струга, а согласно Конкурсот за запишување на ученици во Јавните средни училишта за учебната 2024/2025год.
ОГЛАС
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНА 2024/2025 ГОД.
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши јунски уписен рок со две пријавувања. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.
Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши
од 20 јуни до 25 јуни 2024 година до 15.00 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 20, 21 и 24 јуни од 07.00 часот до 17.00 часот и на 25 јуни 2024 година од 07.00 до 15.00 часот. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 26 јуни 2024 година, најдоцна до 09.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на
01 јули и 02 јули 2024 година до 15:00 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 01 јули 2024 година од 07.00 до 17.00 часот и на 02 јули од 07.00 часот до 15.00 часот.
Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 03 јули 2024 година, најдоцна до 09.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после уписниот рок со две пријавувања. Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август 2024 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски.
- Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 21 август од 07.00 часот до17.00 часот.
- Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, секое училиште ја објавува на 22август 2024 година, најдоцна до 12.00 часот.
По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИ
Критериуми за избор на ученици се:
- средниот успех на ученикот од VI до IX одделение одделение;
- средниот успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и двата предмети што се од значење за струката
-дипломи од освоени (I,II,III) места од меѓународни како и државни натпревари(организирани од акредитирани здруженија од МОН) по мајчин јазик, странски јазик,природни науки ,математика,хемија,физика,биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);
-средна вредност од поени добиени за поведение.
Доколку се пријават поголем број на ученици од планираниот број, со еднаков број на поени во училиштето ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.
За средниот успех од VI до IX одделение одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто , седмо , осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).
За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети ( мајчин јазик и странски јазик и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет)
За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени
За освоено место од државни акредитирани наатпревари за I место 3 поени,за II место 2 поени и за III место 1 поен.
За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени,добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средна вредност е збир од поените за поведението од шесто,седмо и осмо одделение подделен со 4)
Утврдениот број минимум поени за гимназиско образование е 60 поени и се составен дел на овој Оглас.
За учениците кои што деветто одделение го завршиле во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија ( VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство за тие години се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
Запишувањето на учениците во Училиштето во учебната 2024/2025 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование и со овој Конкурс-оглас.
Беспалтен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година, нема да биде обезбеден ако избраниот вид образование-гимназиско образование го има во општината ,односно регионот.
Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо, албански јазик и писмо и турски јазик и писмо.
Условите за запишување на ученици се:
-да имаат завршено основно образование;
-да не се постари од 17 години;
-да се определиле за план и програма од гимназиско образование
-да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Оглас.
Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно конкурсот.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
По објавувањето на ранг листатата, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:
- пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница)
-оригинални сведителства од VI до IX одделение;
-дипломи,(доколку ги имаат) од освоени (I,II и III)места од меѓународни и државни натпревари од (мајчин јазик, странски јазик, природни науки -математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје.
-извод од матична книга на родените (без оглед на датумот на издавањето)
СОУ Гимназија ,, Д-р Ибрахим Темо,, Струга
Директор
Бесиме Јонузи