Изберете го вашиот јазик

  • Државна матура за гимназиско образование
  • Екстерните испити од државната матура во гимназиското образование во јунскиот испитен рок се спроведуваат во следниве термини:

 

- англиски јазик, француски јазик, германски јазик, односно руски јазик на 1 јуни 2019 година со почеток во 10 часот;

- македонски јазик и литература, албански јазик и литература, односно турски јазик и литература на 8 јуни 2019 година со почеток во 10 часот;

- хемија, физика, биологија, историја и филозофија на 11 јуни 2019 година со почеток во 10 часот;

- математика на 13 јуни 2019 година со почеток во 10 часот.

  • За учениците кои во јунскиот испитен рок не положиле дел или сите испити од државната матура во гимназиското образование или од оправдани причини не полагале државна матура или дел од државната матура во гимназиското образование во јунскиот испитен рок, се организира втор испитен рок во август во следните термини:

- англиски јазик, француски јазик, германски јазик, односно руски јазик на 12 август 2019 година со почеток во 10 часот;

- македонски јазик и литература, албански јазик и литература, односно турски јазик и литература на 13 август 2019 година со почеток во 10 часот;

- хемија, физика, биологија, историја и филозофија на 14 август 2019 година со почеток во 10 часот;

- математика на 15 август 2019 година со почеток во 10 часот.

  • Интерните испити од изборниот дел на државната матура се спроведуваат во термини утврдени од училишната матурска комисија на предлог на соодветните училишни предметни комисии и тоа:

- во јунскиот испитен рок во периодот од 17 јуни до 28 јуни 2019 година и

- во августовскиот испитен рок во периодот од 19 август до 23 август 2019 година.

  • Презентацијата и одбраната на проектната задача за учениците од гимназиско образование се реализира во периодот од 13 март до 24 април 2019 година и од 19 август до 23 август 2019 година.