По иницијатива на Советот на Европа, Европскиот ден на јазиците се слави секоја година од 2001 година на 26ти Септември.
Јазичната разноликост е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и клучен елемент во богатото културно наследство на нашиот континент.
И во нашето училиште веќе неколку години се одбележува овој ден со цел да се промовира плурилингуализам, учениците преку цртежи и цитати повеќе да се приближат кон спознавање на други култури и јазици. И оваа година беа ангажирани за изработување хамери, фрази кои ги преведуваа на повеќе јазици и музички изведби. Преку програмата учениците сакаа да ја пренесат пораката за важноста од учење јазици, интеркултурното разбирање, како и да се промовира богатата лингвистичка и кутурна диверзификација во Европа.
Во знак на поддршка и охрабрување на учењето јазици, учениците работеа под менторство на проф. Даниела Јовческа (италијански јазик) и проф. Николина Јанкоска (англиски јазик).